Hakan Ceyhan Aydoğan
03 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека поради неизвесноста на ставот на Вашингтон, го суспендирале договорот за Сирија со САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров се обрати на брифингот за новинарите, по средбата со својот колега од Камбоџа, и истакна дека ставовите и изјавите на САД во врска со Сирија се контрадикторни. Тој рече дека се надева оти во најскоро време ќе се расчисти оваа ситуација којашто директно влијае врз спроведувањето на билатералните договори за Сирија.
„Договорите во голема мера се суспендирани поради неизвесната перцепција и пристап на Вашингтон за активностите на опозициските групи. Овие опозиционери не ги прифаќаат постигнатите договори меѓу Русија и САД и одбиваат да ги спроведат. Сакавме да ја разјасниме ова ситуација“, рече Лавров.
Во минатонеделната изјава, американскиот државен секретар Џон Кери објави дека САД се подготвуваат да ги суспендираат билатералните договори направени со Москва во рамките за Сирија, поради непреземањето на потребните итни мерки на Русија за да се спречат нападите во Алепо и поради необновувањето на договорот за прекин на борбите.
Кери заедно со рускиот колега даде оцена за последната ситуација во Сирија и истакна: „САД и нивните сојузници отворено ја посочија одговорноста на Русија за актуелната ситуација и бомбардирањето на населените места со цивилно население со прибивачки и запаливи бомби“.