Fatma Sevinç Çetin
07 Јануари 2024•Ажурирај: 08 Јануари 2024
Турските сили неутрализираа шест терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северна Сирија, во близина на турската граница, се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Анадолу.
„Нашите херојски Турски вооружени сили продолжуваат со операциите против терористите на ПКК/ЈПГ во северна Сирија. Неутрализирани се шестмина терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвуваа за напад во зоните каде беа реализирани операциите Штитот на Еуфрат и Маслинова гранка“, се вели во соопштението.
Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно населување на жителите: Штитот на Еуфрат (2016), Маслиново гранче (2018) и Извор на мирот (2019).
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, кој се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е нејзин сириски огранок.