Esra Kaymak
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Потпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби изјави дека има „се повеќе јасни знаци" дека договорениот прекин на непријателство не се почитува во и околу Алепо и дека „работите во Сирија не одат во посакуван правец", јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека примирјето најчесто ги крши силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Ассад, Кирби рече дека САД сака да ги види сите страни во Сирија како го почитуваат прекинот на огнот.
Прекинот на огнот во Сирија во февруари оваа година беше договорен од страна на делегациите на САД и Русија, кои претставуваат Меѓународна група за поддршка на Сирија (ISSG).
Договорот требаше да ги прекине непријателските дејства помеѓу владините и опозициските сили, не вклучувајќи ги терористичките организации ДАЕШ и Ал Нусра. Меѓутоа, судирите се продолжени, посебно во и околу Алепо во кој десјтвуваат речиси сите судирни страни.
Од крајот на февруари кога дојде до воспоставување на прекин на огнот во Сирија, загинаа најмалку 614 цивили. За ситуацијата во Сирија вчера разговараа и шефовите на американските и руски дипломатии, Џон Кери и Сергеј Лавров.
„САД и понатаму е одлучен во Сирија да се воспостави прекин на огнот. Јасно е дека примирјето на теренот е многу кревко и дека сите морамо да работиме посветено да не дојде до нови ескалации на судирите".