Bakir Tiro
15 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
АМСТЕРДАМ
Душан Тадиќ, репрезентативецот на Србија, не е сигурен дали и наредната сезона ќе остане во редовите на Ајакс од Амстердам, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Голема чест и задоволство претставува да се игра за Ајакс. Меѓутоа, фудбалот е непредвидлив и поради тоа сега не можам да ветам дека ќе останам. Во Амстердам ми е убаво, но во овој момент не можам да потврдам дека и следната сезона ќе го носам дресот на Ајакс“, рече Тадиќ.
Утре Ајакс му гостува на Јувентус во рамките на реванш-средбите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони. Првиот натпревар минатата недела во Амстердам заврши 1 : 1, но Тадиќ верува дека неговиот тим може да избори полуфинале, односно да го елиминира фаворизираниот противник.
„Секогаш играме исто. Секогаш одиме на победа. Така ќе биде и во Торино, каде што имаме шанса и покрај исклучително квалитетниот противник“, истакна Тадиќ, кој оваа сезона 48 пати го носеше дресот на Ајакс, притоа постигнувајќи 32 погодоци, а имаше и 18 асистенции.