Mutlu Demirtaştan
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ИСТАНБУЛ
На 16 и 17 април продолжуваат возбудувањата во УЕФА Лигата на шампиони со реванш-средбите од четвртфиналето, јавува Anadolu Agency (AA).
Наредните два дена ќе се одиграат 4 реванш-средби од четвртфиналето на Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, по што ќе бидат познати екипите што ќе настапат во полуфиналето.
Реванш-средбите од четвртфиналето започнуваат во вторник и среда во 21:00 часот, а се среќаваат:
16 април, вторник
Јувентус - Ајакс (1 : 1 заврши првиот натпревар)
Барселона - Манчестер Јунајтед (1 : 0)
17 април, среда
Порто - Ливерпул (0 : 2)
Манчестер Сити - Тотенхем (0 : 1)
Противници во првото полуфинале ќе бидат победниците од дуелите Манчестер Сити - Тотенхем и Јувентус - Ајакс, додека во вториот полуфинален дуел ќе настапат победниците од средбите Барселона - Манчестер Јунајтед и Порто - Ливерпул.