Emre Doğan
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Започна 55. Претседателска велосипедска трка (TUR 2019) во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателската велосипедска тура започна на плоштадот „Султанахмет“ во Истанбул. На стартот на трката присуствуваа гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, градоначалникот на Истанбул, Мевлут Ујсал и претседателот на Велосипедската федерација на Турција, Ерол Кучукбакирџи. На трката ќе учествуваат 119 велосипедисти од 17 екипи.
На првиот ден од трката, што ќе се одржи по третпат во календарот на Светската турнеја, велосипедистите ќе возат на 156,7-километарската етапа помеѓу Истанбул и Текирдаг.
Оваа година првата фаза од 55. Претседателска велосипедска тура ќе се вози по „носталгична“ рута. Велосипедската тура ќе заврши на 21 април. Спортистите кои ќе учествуваат на единствената интерконтинентална велосипедска тура во светот ќе возат вкупно 993,4 километри во вкупно 6 етапи.
Минатата година, првото место го освои шпанскиот велосипедист Едуард Прадеш Ревертер, од екипата на Еускади Баскија-Мурија. Алексеј Лутсенко од Казахстан, член на екипата Астана Про беше втор, додека третото место го освои Австралиецот Хатан Хас, од екипата на Катуша Алпечин.