Bakir Tiro
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ЛОНДОН (AA) - Оле Гунар Солскер, менаџерот на Манчестер Јунајтед, смета дека неговата екипа е далеку полоша од градскиот ривал Сити и од Ливерпул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако Јунајтед игра многу подобро откако на клупата го наследи сменетиот Жозе Мурињо, по некомплетното 34. коло во Премиер лигата на Англија заостанува зад Ливерпул 21 бод, а зад Сити 19.
„Ливерпул и Манчестер Сити моментално се предалеку од нас. Не живеам во илузија и ќе мора многу да работиме за да го достигнеме тоа наредните години. Манчестер Јунајтед мора да биде кандидат за титулата“, изјави Солскер и нагласи:
„Во летниот преоден рок мораме да ги доведеме играчите со кои екипата ќе напредува. Се очекуваат од нас тешки одлуки бидејќи мораме да погодиме со засилувањата кои ќе ги исполнат стандардите, односно потребни ни се оние кои нема да се плашат од предизвици“.
Манчестер Јунајтед е на петтото место на табелата на Премиер лигата на Англија со 64 бода, два помалку од Челзи кој има натпревар повеќе и три во однос на Тотенхем, со кои ќе се бори за местото кое идната сезона води во УЕФА Лигата.