Mutlu Demirtaştan
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Во САД викендов започнаа натпреварите од првото коло на плејоф-натпреварувањето во американската Национална кошаркарска лига НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 4 натпревари од првото коло на НБА-плејофот. Милвоки Бакс на домашен терен ја пречека екипата на Детроит Пистонс. Домаќините извојуваа убедлива победа од 121 : 86, поведувајќи со 1 : 0 во меѓусебните натпревари. Во наредната фаза оди екипата која прва ќе стигне до 4 победи, а распоредот на натпреварите е 2-2-1-1-1 (дома-гости-...).
Во Бакс, кој редовниот дел од сезоната го заврши на првото место во Конференцијата, најпрецизен беше олстар-ѕвездата Јанис Адетокунбо со дабл-дабл учинок од 24 поени, 17 скока и 4 асистенции. Следуваат Џорџ Хил со 16 поени, Ерик Бледсо со 15, и Брук Лопез и Крис Мидлтон со по 14 поени.
Во Детроит Пистон, кој во плејофот влезе како осмопласиран, најпрецизен играч беше Лук Кенард со 21 поен, додека Андре Друмонд и Реџи Џексон постигнаа по 12 поени.
Вечерва се играат два натпревари.
- Резултати
Бостон Селтикс - Индијана Пејсерс 84 : 74 (1 : 0)
Портланд Треил Блејзерс - Оклахома Сити Тандер 104 : 99 (1 : 0)
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 121 : 86 (1 : 0)
Хјустон Рокетс - Јута Џез 122 : 90 (1 : 0)