Aldıjana Hadzıc
14 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
ПАРИЗ
Етиопјанката Гелете Бурка и нејзиниот сонародник Абрха Милав се победници на 43. Меѓународен маратон во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
На парискиот маратон учествуваа околу 60.000 тркачи, а Милав низ целта мина за време од 2:07:50. Бурка маратонската патека ја претрча за 2:22:48.
Второто место во машка конкуренција го освои Етиопјанецот Асефа Мангитсу, со време од (2:07:25), додека третопласиран е Кениецот Пол Лонјангата, со време од 2:07:29, кој на двапати претходно беше победник на парискиот маратон.
Во женска конкуренција, второто место ѝ припадна на Етиопјанката Азмери Гебру, со време од 2:22:52, додека третопласирана е нејзината сонародничка Азмера Абреха, која патеката ја претрча за 2:23:35.