04 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
РИМ (АА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека Ајакс, од кој неговиот тим беше елиминиран во Лигата на шампиони, досега имал многу среќа на патот до полуфиналето на тој натпревар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Алегри за италијанскиот „Скај“ (Sky) го коментираше полуфиналниот натпревар Барселона - Ливерпул, во кој каталонската екипа победи со 3:0, и истакна дека и Јувентус на сличен начин испаднал од Ајакс.
„Ако ги гледавте лицата на играчите на Ливерпул, ќе ви беше јасно дека не можат да го поднесат притисокот на ситуацијата и важноста на натпреварот. Ние на сличен начин бевме поразени и испаднавме од Ајакс бидејќи примивме гол, и тогаш се уплашија. Ни требаа 37 минути на Ајакс да му го упатиме првиот удар во голот, а во второто полувреме се плашевме од пораз, и тоа на крајот и ни се случи“, рече италијанскиот стручњак.
Тој додаде дека Ајакс го елиминирал Јувентус во моменти кога „Старата дама“ била без важни фудбалери.
„Ајакс е добра екипа, но е екипа која има многу голема среќа. Нас нѐ престигнаа кога бевме без пет играчи, по што го победија Тотенхем за кој не играа двајцата најдобри напаѓачи“, истакна Алегри.
Да потсетиме, Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите го исфрли Јувентус, а по победата против Тотенхем во Лондон, во првиот полуфинален натпревар (1:0) се наоѓа на прагот за пласман во финалето.