Yunus Kaymaz
03 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот фудбалски сојуз го казни фудбалерот на Париз Сен Жермен (ПСЖ) Килијан Мбапе со забрана за три натпревари поради црвениот картон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Франција се вели дека Мбапе е казнет со три натпревари забрана поради црвениот картон што го доби во финалниот меч од Францускиот куп помеѓу ПСЖ и Рен.
Мбапе пред самиот крај на второто продолжение имаше жесток старт над противничкиот играч, поради што судијата го испрати во соблекувалната. ПСЖ беше полош по изведувањето пенали, па Рен го освои Францускиот куп.
Освен Мбапе, против неговиот соиграч, Бразилецот Нејмар, започната е дисциплинска истрага поради караницата со навивачите на противничкиот тим.