Can Erözden
11 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
НИОН
Европската фудбалска федерација (УЕФА) во четврток покрена постапка против романските судии поради наводно расистичко однесување на натпреварот на Лигата на шампионите помеѓу Париз Сен-Жермен и Медипол Башакшехир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По истрагата која ја спроведе етичкиот и дисциплинскиот инсектор на УЕФА во врска со настаните кои доведоа до прекин на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Париз Сен-Жермен и Истанбул Башакшехир на 8 декември 2020 година, покрената е постапка против Константин Колтеску и Октавјан Совре поради потенцијално кршење на членот 11 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА", се наведува во соопштението на УЕФА.
Во членот 11 на Дисциплинскиот правилник на УЕФА се обврзуваат федерациите членки, клубови, играчи, функционери и членови да се „придржуваат на принципот на етичко однесување, лојалноста, интегритетот и спортското однесување".
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир во Париз е прекината откако гостинскиот тим се упатил во соблекувална поради наводни расистички коментари од четвртиот судија упатени на помошниот тренер Пјер Веб, помошник тренер на клубот и поранешен камерунски фудбалер.
Мечот е одигран следните денови со нови судии и официјални лица. ПСЖ победи со 5:1.