02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
БАРСЕЛОНА (АА) - Фудбалерите на Барселона синоќа на „Кам Ноу“ запишаа убедлива победа со 3:0 против Ливерпул во првата средба во полуфиналето на Лигата на шампиони. Но менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, беше задоволен по средбата, истакнувајќи дека неговиот тим одиграл најдобар гостувачки натпревар во Лигата на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Головите за Барса ги постигнаа Луис Суарез и во два наврати Лионел Меси. Од друга страна, Џејмс Милнер, Роберто Фирмино и Мухамед Салах не ги искористија шансите кои ги имаа.
„Не знам дали можеме да играме подобро од ова. Мислам дека тоа беше најдобар гостувачки натпревар во Лигата на шампиони, не само за оваа сезона, туку и за минатата. Им кажав на играчите дека сум горд на тоа што го одиграле. Против ривалот каков што е Барселона, кој игра ваков вид фудбал, навистина сум во потполност среќен. Во ред е да изгубиш во Лигата на шампиони кога ќе постигнеш гол на страна, но ние тоа не го направивме и тоа е голем проблем“, искрен е Клоп.
Германскиот тренер додаде дека неговите играчи повторно стекнале големо почитување поради начинот на кој играле и поради тоа колку напредувале.
„Се забавував гледајќи го натпреварот, но изгубивме. Тоа во оваа работа не е забавно веќе подолго време и научив да се носам со тоа. Овие момци никогаш не се предаваат. Го сакам тоа кај нив“, истакна Клоп.
Реваншот на натпреварот на полуфиналето Ливерпул - Барселона ќе се игра на 7 мај на „Енфилд“.
Финалето на изданието на Лигата на шампиони оваа сезона на програмата е на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.