Doga Kirmizioglu
01 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
ПЕКИНГ (АА) - Светската кошаркарска организација (ФИБА) својот редовен Конгрес ќе го одржи кон крајот на август оваа година во Пекинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кошаркарската федерација на Турција за АА потврдија дека 21-от Конгрес на ФИБА ќе се одржи на 29 и 30 август во Пекинг, главниот град на Кина.
На Конгресот ќе учествуваат делегации на сите 213 членови на ФИБА, а раководството на Светската кошаркарска организација ќе поднесе извештај за претходните активности и исто така ќе ги презентира плановите за во иднина.
На Конгресот во Пекинг ќе биде избрано новото раководство на ФИБА, вклучувајќи го и претседателот и генералниот секретар.