Aldıjana Hadzıc
04 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во Пекинг, главниот град на Кина се изложени фигурите на херојот од видео играта и филмот "World of Warcraft" (WoW), јавува Anadolu Agency (AA).
World of Warcraft, е една од најголемите мултиплеер игри (MMORPG), и беше лансирана на 23 ноември 2004 година како наследник на Warcraft стратешките игри.
WoW се игра на локални сервери во Северна Америка, Кина, Бразил, Европа, Азија, а играта е достапна на скоро сите делови во светот. Играта нуди можност да се преземе улогата на некој лик во светот со која играчот се поврзува, а има и голем број на други играчи со кои може да се постигне комуникација.
Играчот во WoW ја преземе контролата врз луѓето, троловите, џуџињата или некој од повеќето понудени раси од сите различни бои и форми.
Премиерата на филмот Warcraft, е планиран за јуни 2016 година.