Erbil Başay
30 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
БЕРЛИН (АА) – Германскиот репрезентивец Мануел Нојер, кој ја чува мрежата на германскиот клуб Баерн Минхен во Бундеслигата, поради повреда не ќе може да игра во наредните два натпревара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на германскиот клуб се наведува дека Нојер ја повредил левата нога на тренинг, при што интервенирал лекарскиот тим.
Исто така, се наведува дека 31-годишниот голман на Баерн Минхен, чие лекување сѐ уште трае, нема да игра на натпреварот со Аугсбург што ќе се одигра в сабота, како и на дуелот со Хофенхајм, кој ќе се одигра во вторник.
Германскиот голман оваа сезона одигра 37 натпревари во дресот на Баерн Минхен, а прими 19 гола.