Erbil Başay
18 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
БЕРЛИН (АА) - Клубот од германската Прва фудбалска лига (Бундеслига), Баерн Минхен, во своите редовии го донесе францускиот фудбалер Мишел Куизанс, кој го носеше дресот на Борусија Менхенгладбах, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот, 20-годишниот Куизанс потпиша петгодишен договор со Баерн Минхен. Договорот ќе продолжи до сезоната 2023/2024.
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, истакна дека младиот фудбалер има голем потенцијал.
Куизанс рече дека неговиот трансфер во овој клуб претставува голем чекор за него. „Подготвен сум и многу горд што ќе го носам дресот на Баерн Минхен“, додаде тој.
Според германските медиуми, Баерн Минхен за трансферот на францускиот играч платил околу 10 милиони евра.
Куизанс во 2017 година дојде во Борусија Менхенгладбах, со чиј дрес играше во 35 натпревари во Бундеслигата.