Dejan Maksimovic
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
МИНХЕН (АА) - Од Фудбалскиот клуб Баерн Минхен изразија надеж дека во следните денови ќе бидат во можност да го претстават Сандро Вагнер, сегашниот фудбалер на Хофенхајм, како ново засилување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Веќе неколку недели се очекува 30-годишниот напаѓач, кој ја започна кариерата во Баерн, да се врати во клубот на својата младост. Според наводите на медиумите, Баерн му понудил на Хофенхајм 12 милиони евра обештетување.
„Во основа можам да потврдам дека со Сандро Вагнер сме на домашен терен. Остана да се досредат уште неколку мали технички детали“, изјави Карл-Хајнц Румениге, претседател на Баерн.
Се очекува Вагнер по доаѓањето во Баерн да го ослободи од товарот првото решение во нападот, Полјакот Роберт Левандовски, кој минатиот месец јавно изрази надеж дека клубот ќе ја прошири конкуренцијата во тимот, за да може малку да одмори.
„Би ми било олеснување кога би играл 15 или 20 минути помалку по натпревар. Тогаш би имал повеќе енергија за следниот натпревар и поголема веројатност да останете физички подготвени, но и да го минимизирате ризикот од повреди“, изјави тогаш Левандовски за германските медиуми.
По 17 одиграни кола во Бундеслигата, клубот од Баварија е на врвот на табелата со 41 бод, дури 11 повеќе од второпласираниот Шалке 04.