Admir Fazlagic
21 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Македонија нема промени на пласманот на најновата ФИФА (Светска фудбалска федерација) ранг листа објавена денеска од страна на ФИФА, што значи дека Македонија, 2017 година ја завршува на 76. место, пренесува Anadolu Agrency (AA).
Исто така, нема промени ниту во првите 10. Германија и натаму е лидер на листата, пред Бразил и Португалија. Во првите десет уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.
Најдобро пласиран национален тим од земјите од регионот е Хрватска на 17 место, Србија на 36, Црна Гора на 46, Словенија на 69, Македонија на 76 и Косово на 177 место.
Најголем прогрес од 28 места, во декемвриското рангирање на ФИФА има Вануату кој е 157. додека Никарагва е со најголем пад, односно 13 места и сега се наоѓа на 119. позиција.