Ekipa
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ЦИРИХ (AA) - ФИФА во понеделник му даде отказ на заменикот на генералниот секретар Маркус Катнер откако во текот на интерната истрага се откриени одредени финансиски малверзации, јавува Anadolu Agency (AA).
Катнер, кој во ФИФА стаса 2003 година на позиција директор за финансирање, привремено ја обавуваше функцијата на заменик на генерален секретар откако Јероме Валк минатата година беше суспендиран.
„Маркус Катнер доби отказ кој веднаш стапува на сила. Со интерна истрага во ФИФА е откриено дека ги прекршил своите доверени одговорности кои се однесуваат на неговиот договор за работа", се наведува во соопштението на ФИФА.
ФИФА претходно соопшти дека Фатма Самура наредниот месец ќе ја преземе функцијата на генералниот секретар на оваа спортска асоцијација.