Elvir Hociç
29 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЧИКАГО (АА) - Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер допатува во САД каде што ќе ја продолжи својата кариера, а на аеродромот О'Хара во Чикаго беше пречекан од неколку илјади навивачи на неговиот нов клуб Чикаго Фаер, јавува Anadolu Agency (AA).
Искусниот германски фудбалер Швајнштајгер го напушти англискиот Манчестер Јунајтед во којшто беше "во немилост" на тренерот Жозе Мурињо, а кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига и тоа во тимот Чикаго Фаер.
Инаку, сопругот на српската тенисерка Ана Ивановиќ, Швајнштајгер, со германската селекција е актуелен светски првак во фудбал.