Bedrudin Brlyavac
28 Март 2017•Ажурирај: 29 Март 2017
ЕЛБАСАН (AA) - Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска на стадионот Елбасан Арена во Елбасан во пријателски натпревар ја совлада репрезетнацијата на Албанија со резултат 2:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Веќе во 6. минута Един Џеко по големата грешка на одбраната на Албанија шутираше кон голод, но Елсеид Хисај успеа да ја извади топката од гол линијата. Во продолжението на натпреварот досуден е пенал за БиХ откако е фаулиран Раде Круниќ. Од белата точка во 7. минута беше сигурен Џеко, на кого ова му беше 50. гол во дресот на репрезентацијата.
Репрезентацијата на БиХ ја зголеми предноста на 2:0 во 42.минута кога постигна погодок Сенад Лулиќ, по асистенцијата на Кенан Кодра. Претходно, Круниќ и Џеко одиграа сјајно двојно додавање. Тоа беше конечниот резултат по првото полувреме од натпреварот во Елбасан.
Во второто полувреме, во 54. минута од натпреварот Ледиан Мемушај изведе слободен удар, но од сето тоа Албанците успеаја да се изборат само за корнер.
Во 68. минута од натпреварот Албанија ја намали предноста кога по изведен корнер, Беким Балај постигна погодок со глава за 1:2 , што беше и конечниот резултат на овој пријателски натпревар.