Serhat Bağbars
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Бразилскиот фудбалски репрезентативец Нејмар де Силва Сантос Јуниор, кој за рекордно обештетување од 222 милиони евра премина во редовите на францускиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ), со перформансот во Франција покажа дека неговото доаѓање на „Паркот на принцевите” била исправна одлука, пишува Anadolu Agency (AA).
Нејмар (26) на почетокот од оваа сезоната од Барселона премина во редовите на ПСЖ и во 26 одиграни натпревари за ПСЖ, Бразилецот постигна 27 погодоци и 16 асистенции.
Нејмар во дресот на ПСЖ одигра 17 натпревари во француската прва лига Лига 1, постигнувајќи 18 погодоци и 12 асистенции. Во Лигата на шампиони, на терен истрча шестпати и постигна исто толку погодоци, забележувајќи четири асистенции.

Фудбалската ѕвезда во Лига купот одигра два натпревари и постигна еден погодок, додека во Купот на Франција одигра еден натпревар на кој на двапати успеа да ја затресе мрежата.
Сето ова укажува на тоа дека Нејмар во просек постигнувал погодок на секој натпревар кој го одиграл за ПСЖ, односно за него може да се каже дека е многу заслужен за севкупниот успех на повеќекратниот првак на Франција.
Тоа го потврдува и актуелната водечка позиција на ПСЖ на табелата на француското првенство, со предност од 11 поени пред второпласираната екипа на Олимпик Марсеј.
Нејмар своите почетоци ги направи во подмладокот на бразилската екипа Сантос, а професионалната кариера ја продолжи во Барселона, во која пристигна во 2013 година. За време на престојот на Ноу Камп, Нејмар за четири сезони одигра 186 натпревари, постигнувајќи 105 погодоци и 80 асистенции.
Со преоѓањето во редовите на ПСЖ за рекордно обештетување од 222 милиони евра, Нејмар ја понесе титулата „најскап фудбалер во историјата на фудбалот“.
Нејмар во 2010 година, на 18-годишна возраст за првпат го облече дресот на Бразил. За националниот тим досега одигра 83 натпревари, забележувајќи 53 погодоци и 36 асистенции.