Yunus Kaymaz
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Супер купот на Франција по петти пат замина во рацете на екипата на Пари Сен Жермен (ПСЖ), која со резултат 2:1 го совлада Монако, јавува Anadolu Agency (AA).
На стадионот Батута во Мароко, со капацитет од 45.000 гледачи се одигра натпреварот на Супер купот на Франција во кој настапија екипата на Монако - шампионот на Франција, и екипата на ПСЖ - освојувачот на Купот на Франција.
Во 30. минута од натпреварот, со голот на Џибрил Сидибе, Монако прејде во водство од 1:0, резултат со кој заврши првото полувреме. На почетокот од второто полувреме изедначувачкиот погодок за ПСЖ го постигна Дани Алвеж, кој во екипата пристигна од италијанскиот прволигаш Јувентус. На додавање на овој искусен бразилски фудбалер, Едриен Ребио во 63. минута му донесе предност на ПСЖ, освојувачот на Купот, кој успеја оваа предност да ја сочува до крајот на натпреварот.
Ова беше 11. финале за екипата на ПСЖ, која досега седумпати го има своено Супер купот, петпати едноподруго.