Can Erözden
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Шестото Гран при оваа сезона во Формула 1 ќе се одржи во Монако во текот на викендот, пишува Anadolu Agency (AA).
Квалификациската трка ќе биде утре, а трката ќе започне в недела.
Ќе се вози на патеката Монте Карло, чија должина е 3,3 километри, што опфаќа 78 круга, односно вкупна должина од 260,2 километри.
Трката ќе започне во 15:10 часот по локално време в недела.
Возачот на Ферари, Германеџот Себастијан Фетел, ги освои првите две трки оваа сезона во Австралија и Бахреин.
Австралискиот возач на тимот на Ред Бул, Даниел Рикардо, победи на Големата награда на Кина.
Британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, оваа сезона ја освои Големата награда на Азербејџан и Шпанија.
Возачи и конструктори во оваа сезона:
- Првите пет пилоти:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 95 поени
2. Себастијан Фетел (Германија): 78
3. Валтери Ботас (Финска): 58
4. Кими Раиконен (Финска): 48
5. Даниел Рикардо (Австралија): 47
- Првите 5 конструктори:
1. Мерцедес: 153 поени
2. Ферари: 126
3. Ред Бул: 80
4. Рено: 41
5. Мекларен: 40