Ömer Aydın
09 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Во реванш-средбите од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, францускиот претставник Пари Сен Жермен (ПСЖ) како гостин загуби од Барселона со резултат 6:1, со што испадна од натамошниот тек на натпреварувањето. Овој пораз предизвика остри критики во француските медиуми, јавува Anadolu Agency (AA).
Во весниците, поразот на ПСЖ од 6:1 беше оквалификуван како понижувачки, бидејќи француската екипа во првиот натпревар имаше остварено резултат од 4:0.
„Неописливо многу лошо“ е насловот на написот за вчерашниот натпревар, за кој информира весникот „Екип“ (L'Equipe). Францускиот клуб кој до 88. минута го имаше загарантирано учеството во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, за 7 минути прими 3 погодоци и на шпанскиот противник му овозможи историска шанса, со што успеа да се запише во историјата. Весникот наведува дека понижувачкиот пораз ги расипал сите планови на ПСЖ.
Еден од ударните наслови на насловната страница на весникот „Ле фигаро“ беше: „Понижениот ПСЖ во Барселона се збогува од Лигата на шампионите“, а од содржината на весникот беше избран насловот: „Париз беше ставен под нозе, згазен, понижен“.
Информативниот канал БФМТВ излезе со наслов „Невозможното потонување на Париз“, и истакна дека при пристигнувањето на фудбалерите на аеродромот во Париз, тие биле дочекани со протести. Во рамките на протестите е направена материјална штета врз возила и врз околината, а се наведува дека Тиаго Мота, играч од средниот ред на ПСЖ, со возилото удрил во еден навивач на клубот.
Весникот „Монд“ во врска со натпреварот напиша: „Елиминација во која е тешко да се поверува“. Во написот објавен во овој весник се вели дека екипата на ПСЖ загубила со резултат во кој е тешко да се поверува“.
Претседателот на клубот ПСЖ, Насир ел-Халифи ги критикуваше написите: „ПСЖ, кој на две минути пред крајот на натпреварот беше во наредното коло, по последниот свиреж на судијата беше погребан на стадионот“ и „Беше невозможно, но успеаја да го остварат“ од текстот под насловот „Три погодоци за 7 минути се нешто неверојатно“, објавени во весникот „Либерејшн“.