Hüseyin Burak Demirer
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Во 11. трка овогодинешниот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Унгарија, победник е Себастијан Фетел со болидот на Ферари, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска на 11. трка сезонава во Формула 1 во унгарскиот главен град Будимпешта, на пистата Хунгароринг долга 4.381 метар се возеа 70 круга.
Пол-позицијата ја имаше Германецот Себастијан Фетел, а на втората позиција беше неговиот клубски колега Кими Раиконен, додека од третата позиција стартуваше Валтери Ботас со болидот на Мерцедес.
На стартот од трката, возачот на Ред Бул Макс Ферштапен го мина Луис Хамилтон, но во третата кривина, во борбата за четвртата позиција удри во клубскиот колега Даниел Рикардо. По сударот Рикардо ја напушти трката, а Макс Ферштапен доби казна од 10 секунди.
Ферштапен по 35. круг ја имаше водечката позиција во периодот кога пилотите на Ферари и Мерцедес вледоа во „пит стоп”, но повторно се врати на 5. позиција кога во 42. круг и тој влезе во пит стопот да ги замени гумите.
Откако Фетел се врати на првата позиција, и покрај проблемот со возилото, успеа да го сочува водството до крајот на трката со што ја освои 4 победа оваа сезона, 46. во кариерата, со време 1 час, 39 минути, 46 секунди и 713 илјадити делови од секундата.
Втор е Раиконен со заостаток од 0,9 секунди. Трет е Ботас, додека четвртопласиран е Хамилтон.
По оваа трка Фетел има 202 поени, зад кој следи Хамилтон со 14 поени помалку. Третопласиран е Ботас со 169 поени.
Следи пауза од 1 месец во трките за Формула 1. Следната 12. трка од натпреварувањето во Формула 1, за Големата награда на Белгија е закажана за 27 август.
Првите 6 пласирани на трката во Хунгароринг се:
1. Себастијан Фетел (Ferrari)
2. Кими Раиконен (Ferrari)
3. Валтери Ботас (Mercedes)
4. Луис Хамилтон (Mercedes)
5. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer)
6. Фернандо Алонсо (McLaren-Honda)
- Пласман на пилоти и тимови -
По трката за Големата награда на Унгарија пласманот на најдобрите возачи на Формула 1 и тимови е следниот:
Пласман на пилоти:
1. Себастијан Фетел (Германија) - 202 поени
2. Луис Хамилтон (Влика Британија) - 188
3. Валтери Ботас (Финска) - 169
4. Даниел Рикардо (Австралија) - 117
5. Кими Раиконен (Финска) - 116
Пласман на тимови:
1. Мерцедес - 357
2. Ферари - 318
3. ред Бул- 184
4. Форс Индија - 101
5. Вилијамс - 41