Hajer M'tırı
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар де Силва Сантос Јуниор, денес пристигна во Париз за да му се придружи на новиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ), јавува Anadolu Agency (AA).
ПСЖ доцна синоќа објави дека бразилскиот напаѓач потпишал петгодишен договор со францускиот клуб.
Откако го изврши неговиот трансфер од Барселона во ПСЖ, Нејмар во моментов е најплатениот играч во фудбалската историја.
Клаузулата за негово ослободување (222 милиони евра) е вредна двојно повеќе отколку што беше платено на францускиот репрезентативец Пол Погба кој се префрли од Јувентус во екипата на Манчестер Јунајтед минатото лето.
Зборувајќи на прес-конференцијата на стадионот Парк де Принцес во Париз, претседателот на фудбалскиот клуб ПСЖ, Насер ал Хелаифи, му посака добредојде на играчот во неговиот „нов дом” и изјави дека за него Нејмар претставува најдобар играч на светот.

„Нејмар е идол на целиот свет”, изјави Ал Хелаифи.
„Тој досега има донесено многу позитивни работи. Нашите фанови отсекогаш сонувале за Нејмар во тимот и тој денес е тука. Лига 1, Француската фудбалска лига, станува многу поконкурентна и Нејмар потпиша да ги освои сите можни трофеи. Сакаме да ги добиеме сите трофеи што можеме. Ти благодарам Нејмар за доаѓањето во ПСЖ, благодарејќи на твоето семејство и твојот тим, и мојот тим кој работеше напорно за овој трансфер”, додаде тој.
АЛ Хелаифи исто така откри дека ПСЖ бил тој кој ја платил ослободувачката клаузула на Барселона.
- Нов предизвик -
Нејмар му се заблагодари на Ал Хелаифи за новиот предзвик во Пари Сен Жермен, во тој прекрасен град (Париз).
„Навистина не можам да опишам што чувствувам. Навистина со нетрпение очекувам да започнам и да го постигнам она што сакам да го постигнам“, рече тој. „Сакав поголем предизвик, моето срце донесе одлука и јас го следев. Сакам да му помогнам на овој клуб да успее и да освои трофеи”.
Нејмар изјави дека заминувањето од Барселона и придружувањето во ПСЖ му било најтешката одлука досега.
Играчот од средниот ред на ПСЖ, Хавиер Пасторе, се откажа од дресот бр.10 за Нејмар, како знак за добредојде.
Илјадници навивачи на ПСЖ во раните утрински часови застанаа во првите редови пред продавниците на клубот во Париз, за да го купат дресот на играчот.
„Нејмар сега е посветен на францускиот главен клуб до 30 јуни 2022 година”, соопшти вчера ПСЖ.
„Дваесет и пет годишниот играч досега за Бразилската репрезентација беше избран 77 пати постигнувајќи 52 голови“, се додава од клубот.
„Како капитен на репрезентацијата, Нејмар да Силва Сантос Јуниор се појави како лидер на тимот со намера да го освои шестото Светско првенство во 2018 година. Носејќи ја бразилската маичка, Нејмар веќе на својата земја и ја донесе првата титула од Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година”.
Во соопштението младиот играч беше цитиран велејќи: „Премногу сум среќен што се придружив во Пари Сен Жермен”.