Ercan Çakar
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Искусниот романски фудбалски експерт Мирча Луческу денес во Истанбул изјави дека местото селектор на фудбалската репрезентација на Турција е особено важно и изрази надеж дека таа репрезентација под негово водство ќе оствари големи успеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Луческу со Турскиот фудбалски сојуз (TFF) потпиша договор на две години, со можност за продолжување за уште една година, и на клупата на турската репрезентација ќе го наследи турскиот експерт Фатих Терим кој неодамна се повлече од тоа место.
„Сега сум на многу одговорна должност, верувам дека ќе имам поддшка од клубовите кои ги водев преходно, но и од оние на кои им бев ривал”, додаде Луческу.
Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз (TFF) Јилдирим Демирорен му се заблагодари на романскиот експерт што го прифати предлогот на Сојузот и се согласи од клупа да ја води селекцијата на Турција.
Во богатата тренерска кариера Луческу водеше и познати клубови како Интер од Милано, Зенит, Динамо од Букурешт, Шактар од Доњецк, а добро го познава и турскиот фудбал бидејќи беше шеф на стручниот штаб во Галатасарај и Бешикташ, со кои освојуваше и национални првенства.