Ayşe Yıldız
01 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
АНТАЛИЈА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, изјави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе биде отстанета од Мунбич и Тел Рифат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние со два договора, со најмала штета, го добивме она што го сакавме. Ако сте силни на терен и на маса, тогаш ова можете да го постигнете. Да не ја изведовме операцијата, овие работи немаше да се случат“, изјави Чавушоглу.
Истакна дека неговата земја спречила голем заговор во Сирија.
„Таму сакаа да основаат држава на ЈПГ/ПКК. Тој обид го предводеа Франција и Израел. Отворено ви зборувам за тоа. Ниту еден од нив до денес не рече дека не биле дел од таков обид“, рече Чавушоглу.
Додаде дека Турција и Русија од терористите на ЈПГ/ПКК ќе го исчистат подрачјето со должина од 30 километри јужно од турската граница со Сирија, додека безбедносните сили на двете земји ќе спроведат заедничка патрола, нагласувајќи дека заедничките патроли веќе започнале.
Истакна дека терористите во Камишли, исто така, ќе бидат отстранети, но патролните активности нема да се спроведуваат на тоа подрачје бидејќи силите на сирискиот режим биле таму од почетокот на кризата.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот“, на североистокот на Сирија, со цел елиминирање на терористичките елементи на ЈПГ/ПКК поради обезбедување на турската граница и овозможување доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.