Berk Özkan
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш се наоѓа во посета на Турција, каде што беше примен на средба од турскиот претседател Ердоган.
Средбата меѓу Ердоган и Гутереш се одржа во палатата Вахдетин во Истанбул. Траеше околу еден час и беше затворена за медиумите.
На средбата беа присутни турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, шефот на Одделот за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, како и претседателот на турската Парламентарна комисија за надворешни работи, Волкан Бозкир.