Mutlu Demirtaştan
22 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Јурген Клоп, германскиот фудбалски стручњак и тренер на англискиот прволигаш Ливерпул, во изјава за англиските медиуми потсети дека Салах и минатата сезона имал сличен старт, и додаде „Минатата сезона во однос на истиот период оваа година, Салах постигна само еден погодок повеќе. Оваа ситуација за нас не претставува никаков проблем. Свесен сум дека секој од него го очекува истиот перформанс. Од Салах посакуваме да постигне што е можно повеќе погодоци, но немаме очекувања тој да го повтори перформансот од минатата година“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Клоп (51), истакнувајќи дека не постои никаква криза околу состојбата на Салах, ја даде следната оценка „Сосема е нормално да постојат периоди во кои напаѓачите не можат да постигнат погодок. Салах сѐ уште претставува голема закана за противничките играчи. Со играта во последниот натпревар, покажа дека е во добра форма.“
Во сите натпревари што ги одигра минатата сезона, 26-годишниот Салах постигна 44 погодоци, додека оваа сезона на 6 натпревари постигна 2 погодоци.