Yunus Kaymaz
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Извлечени се паровите за плеј-оф натпреварите од најзначајното фудбалско клупско првенство во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на извлекување на паровите се одржа во швајцарскиот град Нион, на коешто учествуваа екипите кои успешно го минаа 3. квалификациски круг на натпревари во Лигата на шампиони на УЕФА.
Првите натпревари од плеј-офот ќе се одиграат на 15 и 16 август, додека реванш-средбите се закажани за 22 и 23 август.
По новиот формат на извлекување, водејќи сметка за носителите на групи, екипите кои не се носители на групи и екипи кои во своите земји биле државни прваци, извлечени се следните парови:
Карабах (Азербејџан) - ФК Копенхаген (Данска)
АПОЕЛ (Кипар - Грчки дел) - Славија Парага (Чешка)
Олимпијакос (Грција) - Ријека (Хрватска)
Селтик (Шкотска) - Астана (Казахстан)
Хапоел Бер Шева (Израел) - Марибор (Словенија)
Истанбул Башакшехир (Турција) - Севилја (Шпанија)
Јанг Бојс (Швајцарија) - ЦСКА Москва (Русија)
Наполи (Италија) - Ница (Франција)
Хофенхајм (Германија) - Ливерпул (Англија)
Спортинг Лисабон (Португалија) - Стеауа (Романија)