Hüseyin Burak Demirer
21 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
АНКАРА
Утре ќе биде извршено извлекувањето на паровите од 3. елиминациска фаза во УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре во швајцарскиот град Нион, во седиштето на УЕФА ќе биде извршено извлекувањето на паровите од 3. елиминациска фаза во европските фудбалски клупски натпреварувања.
Извлекувањето на паровите од УЕФА Лигата на шампиони е закажано за 12:00 часот по средноевропско време.
Извлекувањето на паровите од УЕФА Лига Европа се дели на тимови кои се на пат да учествуваат во Лигата на шампиони и оние кои се на пат да учествуваат во Лига Европа. Извлекувањето на паровите од УЕФА Лига Европа кои се на пат да учествуваат во Лигата на шампиони ќе започне во 12:25, додека извлекувањето на паровите од екипите што ќе учествуваат само во натпреварите од Лига Европа ќе започне во 14:00 часот.
- Првите средби во август
Првите натпревари од третата фаза на УЕФА Лигата на шампиони ќе се одиграат на 6 и 7 август, а реванш-средбите се закажани за 13 август. Првите среби од 3. елиминациска фаза во УЕФА Лига Европа ќе се одиграат на 8 август, а реванш-средбите се закажани за 15 август.