Dejan Maksimovic
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
МАНЧЕСТЕР (АА) - Шпанецот Хуан Мата, фудбалер на Манчестер Јунајтед, одлучи да донира еден отсто од својата плата во хуманитарни цели и ги повика останатите професионални играчи да го сторат истото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот репрезентативец изјави дека парите ќе ги донира за проектот „Common Goal“, кој го води организацијата „streetfootballworld“, која ги поддржува фудбалските хуманитарни акции ширум светот.
„Ја сакам оваа акција, но не сакам да бидам сам”, порача Мата преку својот блог.
Мата, кој во Манчестер Јунајтед стигна од Челзи за 41 милион евра, според медиумските извештаи, годишно заработува 7,7 милиони евра.
Тој додаде дека бил шокиран со сиромаштијата што ја видел за време на посетата на Мумбај во Индија, и дека претставува долгорочна цел целата фудбалската индустрија да придонесува со еден процент од приходите на локалните фудбалски добротворни организации.
„Покренувам нешто што се надевам дека ќе го промени целиот свет, па дури само на еден мал начин”, изјави Мата.
Тој истакна дека сака да го покрене „Common Goal starting XI“, кој би се состоел од фудбалери кои донираат еден отсто од својата плата во хуманитарни цели.