Admir Fazlagic
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Старата скопска чаршија во просториите на Даут-пашиниот амам се организираше хуманитарна крводарителска акција „Дарувај крв, спаси нечиј живот" во организација на средните училишта „Марија Кири Склодовска", општина Чаир и Институот за трансфузиологија во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Ведат Мустафа, помошник директор во средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска” во изјава за АА рече дека денеска воедно организираат хуманитарна акција за крводарителство.
„Ние веќе пет години по ред ја организираме оваа хуманитарна акција заедно со средно медицинско училиште Панче Караѓозов од Скопје", изјави Мустафа додавајќи и дека организираат промотивен настан на кој ги претставуваат смеровите на ова училиште.
Тој информираше дека во рамките на крводарителската акција во соработка со Црвениот крст и Клиниката за за трасфузиологија повеќе од 70 млади луѓе дарувале крв.
Азра Асани од Скопје, ученик во средно медицинско училиште е една од доброволните даруватели на крв.
„Дојдов да дарувам крв бидејќи сметам дека е важно. Има многу луѓе на кои имаат потреба од крв. Сакав и порано да дарувам крв но немав 18 години, а сега сум во можност да го направам тоа и затоа сум тука", рече Асани за АА.
Освен што се организираше хуманитарната крводарителска акција, истовремено се промовираат и смерови од средните училишта, меѓу кои смерот медицински техничар за кој промоторите истакнаа дека постои итерес од страна на учениците полуматуранти кои треба да го продолжат своето образование од основно во средно училиште.