Mehmet Hatipoğlu
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
АТИНА (АА) - Поранешниот премиер на Грција, Лукас Пападемос, е тешко ранет во бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Пападeмос е тешко ранет во експлозија во центарот на Атина, додека се наоѓал во возило во движење.
Поранешниот премиер на Грција, кој, како што се наведува, е ранет во пределот на ногата и абдоменот, веднаш е подвргнат на оперативен зафат.
Полицијата соопшти дека се ранети уште две лица кои се наоѓале во истото возило.
Локалните медиуми наведуваат дека експлозијата се случила со активирање на направа скриена во плик адресиран до Пападемос.
Очевидци изјавија дека слушнале силна експлозија, а потоа и кршење на стакла од возилото во кое се наоѓал поранешниот грчки премиер.
Пападeмос (69) беше премиер од 2011 до 2012 година, а исто така ја извршувал функцијата гувернер на Централната банка на Грција.
Сè уште никој не презеде одговорност за експлозијата, а напади со писма-бомби се карактеристични за анархистичката група „Заговор на огненото јадро“.