Sibel Vezaj
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
ПРИШТИНА (АА) – Дирекцијата за истрага против сериозни кривични дела при косовската полиција, со поддршка на Единицата за специјални операции, денес реализираше операција во која што се приведени четворица осомничени за „подготвување терористички акт или кривично дело против уставниот поредок и безбедност на Косово“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на косовската полиција, денес е реализирана опсежна полициска операција по налог на Основниот суд во Приштина, за претрес на пет различни локации, во Приштина, Гњилане и во Урошевац.
„Полициската операција е реализирана врз основа на сомнение за вклученост на неколку осомничени лица во кривичните дела 'подготвување терористички акт или кривично дело против уставниот поредок и безбедноста на Косово'. Полициските акти резутираа со приведување на четворица осомничени, Р.С., Х.Х., Б.К. и С.Б“, соопшти косовската полиција.
Во соопштението е наведено дека по сослушувањето на осомничените, јавниот обвинител издал наредба за 48-часовен притвор на осомничените Р.С. и С.Б., а другите двајца осомничени биле пуштени на слобода со нормална процедура.
Според косовската полиција, при претресот на куќите се пронајдени и запленети како доказ оружје и муниција.