свет

Експлозија во Идлиб, загинаа две лица, 50 се повредени

Повредените се пренесени во околните болници, додека причинета е штета на голем број објекти и возила во околината

Eşref Musa, Burak Karacaoğlu  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Експлозија во Идлиб, загинаа две лица, 50 се повредени Hasan Muhtar/AA

İdlib

ИДЛИБ (АА) - Според првичните сознанија, 2 цивила го загубија својот живот, додека 50 се повредени како резултат на експлодирањето на возило-бомба во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на Цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хаџ Јусуф, во изјава за АА, истакна дека едно возило-бомба експлодирало во центарот на ова подрачје. „Според првичните сознанија, во експлозијата загинаа 2 цивила, додека 50 се повредени“, додаде тој.

Повредените се пренесени во околните болници, додека причинета е штета на голем број објекти и возила во околината.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Од друга страна, 12 лица загинаа, додека 25 беа повредени во експлозијата која се случи минатиот месец пред болница во центарот на Идлиб.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın