свет

Се зголемува бројот на убиени Палестинци во Газа: Израелските сили убија најмалку 110 лица

Палестинците од крајот на март одржуваа масовни демонстрации, под називот „Големиот марш за враќање“, на границата на Појасот Газа и Израел

Zeynep Hilal Karyağdı  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Се зголемува бројот на убиени Палестинци во Газа: Израелските сили убија најмалку 110 лица

Gaza

ГАЗА (АА) - Палестинецот Хусеин Ебу Авиде (41), ранет за време на масовните демонстрации под називот „Големиот марш за враќање“ на границата на Појасот Газа и Израел, почина од последица на ранувањето, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Министерството за здравство на Газа е соопштено дека Авиде бил ранет вчера. Починал во болница, а денес е погребан.

Палестинците од крајот на март одржуваа масовни демонстрации, под називот „Големиот марш за враќање“, на границата на Појасот Газа и Израел.

Најмалку 110 Палестинци од Појасот Газа се убиени, а речиси 8.000 се повредени од 30 март кога израелските сили отворија оган врз демонстрантите кои го одбележуваа „Денот на земјата“, симбол на отпорот на израелската окупација.

Протестите кулминираа на 15 мај, кога се одбележуваше 70-годишнината на Накба или Денот на големата катастрофа, кој симболизира страдање и прогон на палестинскиот народ од основањето на израелската држава на палестинска земја.

Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои беа продолжени и во наредните денови.

Во осудите кои стигнуваат од светот, меѓу останатото, наведено е дека прекумерната сила е недозволива во случај на мирни протести какви што организираа Палестинците на 70-годишнината од Накба (Голема катастрофа), по повод масовниот прогон на овој народ од страна на Израел.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın