свет

Лидерите на Јужна и Северна Кореја се сретнаа во Панмунџом

Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја, истакна дека двајцата лидери размениле мислења околу спроведувањето на Декларацијата, потпишана на 27 април во Панмунџом, и во врска со мировниот самит помеѓу Северна Кореја и САД

Emel Öz Gözellik  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Лидерите на Јужна и Северна Кореја се сретнаа во Панмунџом

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, остварија средба во прекуграничното заедничко безбедносно подрачје Панмунџом, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Претседателството на Јужна Кореја се истакнува дека Мун и Ким оствариле двочасовна средба во Панмунџом.

Портпаролот на претседателот на Јужна Кореја, истакна дека двајцата лидери размениле мислења околу спроведувањето на Декларацијата, потпишана на 27 април во Панмунџом, и во врска со мировниот самит помеѓу Северна Кореја и САД.

Се вели дека Мун утре ќе даде изјава околу денешната средба.

Мун и Ким на 27 април се сретнаа во Панмунџом. Двајцата лидери во заедничката завршна Декларација од оваа средба наведоа дека се согласиле околу целосната денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, и претворањето на постоечкото примирје во мировен договор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın