Ekipa
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
ХАСЕКА/АНКАРА (AA) - Жителите на градот Хасека, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, во североисточниот дел на Сирија, одржаа протест против присилното регрутирање на младите од страна на организацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите на овој град кои реагираа против оваа практика на терористичката организација, одржаа демонстрации во центарот на градот.
Терористите ги затворија влезовите и излезите од центарот на градот со цел спречување на демонстрантите, и киднапираа некои од нив.
Припадниците на оваа терористичка организација ги киднапираат и регрутираат младите од возраст од 18 до 30 години кои живеат во Касека, Мунбич и Рака, кои се под окупација на ЈПГ/ПКК.
На 20 мај во Мунбич нбеа затворени сите продавници како реакција против присилното регрутирање на младите од страна на оваа терористичка организација.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК планира да ги зајакне своите редови преку присилното регрутирање на младите кои живеат во подрачјата под нивна окупација.