свет

Напад врз хуманитарци во Сирија: Загинаа петмина припадници на Белите шлемови

Досега Белите шлемови имаат спасено десетици илјади луѓе. На терен работат околу 3.000 лица, вклучувајќи и жени

Adham Kako, Levent Tok  | 26.05.2018 - Обновена : 27.05.2018
Напад врз хуманитарци во Сирија: Загинаа петмина припадници на Белите шлемови

Syria

АЛЕПО/АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а две се ранети во напад на неидентификувани вооружени лица врз центарот за Цивилна заштита (Бели шлемови) во сирискиот град Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на Белите шлемови во Сирија, Раид Салих потврди дека нападот е извршен на подрачјето на Тел Хадије во Алепо, и дека загинале пет вработени на Цивилната заштита.

Тој истакна дека четворица напаѓачи упаднале во центарот, ги врзале рацете на вработените и украле возила, мотори и друга опрема во сопственост на оваа организација.

Салих изјави и дека пукале врз вработените на Цивилната заштита.

„Три лица беа мртви на лице место, додека две починаа во болница. Имаме и две ранети лица“, истакна директорот на Цивилната заштита во Сирија.

Сè уште не е познато кој го извршил нападот, истрагата е во тек.

Во август минатата година неидентификувани лица упаднаа во зградата на Цивилната заштита во Идлиб и убија седум вработени.

Белите шлемови се состојат од волонтери кои работат на терен спасувајќи цивили погодени од војната во Сирија. Досега Белите шлемови имаат спасено десетици илјади луѓе. На терен работат околу 3.000 лица, вклучувајќи и жени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın