Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
АТИНА
Министерот за надворешни работи, Европската Унија и соработка на Шпанија (MAEUEC), Хозе Мануел Албарес Буено, истакна дека се за формирање конструктивен дијалог меѓу Турција и Грција и за решавање на проблемите меѓу двете земји врз основа на европското законодавство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Албарес во Атина се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, кои по состанокот одржаа заедничка прес-конференција.
Шпанскиот министер нагласи дека Грција и Шпанија се две земји сојузнички членки на ЕУ и НАТО.
„Како и сите земји членки на ЕУ, исто и Грција може да биде сигурна дека Шпанија секогаш ќе дејствува во рамки на Европа и врз основа на европските одлуки“, рече Албарес.
Тој истакна дека Шпанија е отворена за соработка со Атина во повеќе области како туризам, трговија, борба против Ковид-19 и образование.
Албарес нагласи дека се за формирање конструктивен дијалог меѓу Турција и Грција и за решавање на проблемите меѓу двете земји врз основа на европското законодавство.
Од друга страна, Дендиас укажа на продлабочените односи меѓу Шпанија и Турција.
Шефот на грчката дипломатија рече дека земјите членки на ЕУ се должни да не извезуваат воена опрема и технологија кои може да се користат „во агресивни акти или во акти кои ќе ја нарушуваат регионалната стабилност“, и тврди дека добил ветување од Албарес дека Шпанија ќе дејствува во рамките на ЕУ.