Mutlu Demirtaştan
13 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ), Насер Ал-Келаифи изјави дека бразилскиот ас Неимар ќе остане во екипата и дека не постои договор за негово заминување од Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Некои француски медиуми вчера објавија дека шпанскиот клуб Реал Мадрид е заинтересиран во своите редови да го донесе Неимар, 26-годишниот Бразилец, на што бурно реагираше првиот човек на ПСЖ.
„Кој ви кажа дека Неимар заминува? Некој од клубот? Се разбира дека нема таква изјава. Неимар има договор со нас и 2.000 отсто и наредната сезона ќе биде со нас. Сигурен сум дека и тој сака да биде тука“, рече првиот човек на ПСЖ, Ал-Келаифи за француските портали.
Во почетокот на оваа сезона, Неимар од Барселона за 222 милиони евра премина во редовите на ПСЖ и стана најскапо платениот фудбалер во историјата.