Ferhat Demircan
14 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави вечерва дека преселувањето на американската Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) е потег кој е во спротивност со сите досегашни одлуки на Обединетите нации (ОН), па дури и правното наследство на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во пишана порака ја критикуваше американската одлука за преселувањето на американската Амбасада во Ерусалим (Кудс).
Истакнувајќи дека САД на тој начин ја казнил палестинската страна која и понатаму се заложува и сака мир, Ердоган рече дека Израел е награден иако упорно ги крши сите меѓународни норми и резолуциите на Обединетите нации.
„На чело со Америка, некои сакаат Ерусалим да го признаат како главен израелски град. Признавајте го вие како што сакате, а за тоа се гласаше и се изгласа одлука во Обединетите нации“, рече Ердоган.
Турскиот претседател, исто така, порача дека Ерусалим, а особено Источен Ерусалим (Кудс), е главниот град на Палестина и дека сите во исламскиот свет на тоа така гледаат.
„Тоа ја загрози поверливоста на САД на меѓународната сцена и им ја одзеде улогата на посредник во решавањето на конфликтот“, рече Ердоган.
Нагласувајќи дека Турција секогаш ќе биде покрај Палестина и братскиот палестински народ, Ердоган ги повика властите на Израел утре да бидат одговорни и да спречат ескалација на немирите и нови страдања.