Hatice Vildan Topaloğlu
07 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, испрати писмо до неговиот ирачки колега Хајдер ал Абади, во кое го информира за активностите и задачите на турската војска во регионот Мосул во северен Ирак, во која од март годинава траат програмите на тамошните сили борба против ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Анонимен извор од турската Влада за АА рече дека Давутоглу во писмото до ирачкиот премиер ал Абади, истакнал дека Анкара никогаш нема да ја загрозува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.
Истовремено се наведува дека Турција нема да испраќа дополнителни воени сили во Мосул, додека ирачката влада во Багдад, изразува загриженост во врска со тоа.
Во писмото стои дека Турција и понатаму ќе продолжи да ја поддржува ирачката влада во борбата против терористичката организација ДАЕШ и сака доплонително да ги интензивира односите со Багдад, во овој контекст.
Во петокот околу 150 турски војници со 20 тенкови влегле во ирачка територија за обука. Во саботата се оставрени телефонски контакти меѓу лидерите на министерствата за одбрана на двете земји по ова прашање.
Турската војска соопшти дека обуката пешмерга се води во четири провинции во северниот дел на Ирак.
Портпаролот на Владата на Курдската самоуправа во северен Ирак Сефин Дизајн ги потврди овие наоди.
Турските сили кои во петокот влегоа во Ирак ги замениле своите колеги кои ја завршиле својата обука. Досега, повеќе од 2.500 припадници на силите Пешмерга ја поминаа програмата за обука од страна на турските сили.