Handan Kazancı
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, повика на „мутидимензионална борба“ за ставање крај на насилството врз жените, карактеризирајќи го прашањето како „глобален проблем“, јавува Аnadolu Agency (АА).
Зборувајќи денес на Собирот поддржан од ОН во Истанбул, Давутоглу рече дека предметот претставува глобален проблем во секоја земја, нација и регион.
Давутоглу се обрати на церемонијата на отворање на дводневниот Собир под наслов „Крај на насилството кон жените: Работа на прогрес за забрзани промени“.
Околу 150 високи претставници од земјите членки на ОН и Советот на Европа како и невладини организации и научници се состануваат за да разговараат за сеопфатен начин за борба против насилството врз жените.
Според ОН, една од три жени во светот е жртва на насилство, најчесто од некој близок.
Скоро половина од убиените жени, на годишно ниво, се убиени од страна на нивните партнери или од членови на нивното семејство.
Давутоглу рече „Жените најмногу страдаат како резултат на одлуките направени од страна на мажите“. Тој додаде дека Турција е домаќин на над два милиони сириски бегалци, од кои најголем број се жени и деца, и додаде дека Анкара ќе се оѕвие на секој повик за помош од било кој дел на светот.
Говорејќи на истиот настан, турската министерката за Семејство и социјална работа, Сема Рамазаноглу рече дека земјата презема правни мерки за спречување на насилството против жените и за заштита на жртвите.
Во почетокот на декември, турскиот Суд изрече тешка казна доживотен затвор на тројца обвинети за бруталното убиство на 20-годишната студентка Озгеџан Аслан во месец февруари.
Аслан беше убиена на 13-ти февруари додека се обидувала да избегне сексуален напад во минибус во Мерсин, јужна Турција. Потоа, напаѓачите го запалиле нејзиното тело, нејзините јагленисани останки пронајдени се два дена откако е пријавена за исчезната.
Смртта на Аслан предизвика големо негодување во Турција кога претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека убијците ќе бидат казнети со најтешката казна.
Овогодинешниот Истанбулски Маратон беше одржан под мотото „Сопрете го насилството врз жените“.
Минатиот месец, турски новинар разви интерактивна онлајн мапа која дава детални податоци за жени жртви на убиство помеѓу 2010 и 2015 година.
Денешниот состанок, на кој се обрати и извршната директорка за Жени во ОН Пумзиле Мламбо Нгчука, се одржа 20 години по Пекингшката декларација и Платформа за справување со насилството врз жените кое беше прифатено од 189 земји.