Oktay Özden
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
АНТАЛИЈА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлуд Чавушоглу, како провокација го оцени минувањето на рускиот воен брод низ Босфор во полна воена приправност и со вооружени војници на бродот, но тврди дека тоа не е ниту слично на она кога руските воени авиони без дозвола го нарушувале турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Непосредно пред почетокот на регионалниот одбор на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) во Анталија, турскиот министер ги коментираше снимките на поминување на рускиот воен брод низ Босфор со војникот кој на рамо држи ракетен фрлач.
"Тоа е провокација. Меѓутоа потполно се различни работите, неодамнешното кршење на нашиот воздушен простор од руските авиони и овој случај на минување на воениот брод" , изјави Чавушоглу и појасни дека сите минувања на воените бродови, без разлика на националниот предзнак, низ Босфор серегулирани со меѓународен договор од Монтре.
" Во случаевите кога ќе биде воочена закана ние ќе реагираме. Војниците на бродот со ракетните фрлачи во текот на минување на бродот, или што веќе носеле, е само провокација. Се надевам дека станува збор за потег на поединец, а секако тоа не е исправно" , рече Чавушглу.
На прашањето на новинарите за повик на турскиот амбасадор во Багдад да одговори на повикот поради неодамнешното влегување на турската војска на северот на Ирак, Чавушоглу рече дека повикувањето на амбасадорите во Министерствата за надворешни работи е секојдневна појава во дипломатијата и додаде дека турските војници во Ирак влегле на повик од страна на ирачкиот министер за одбрана.
" Ирачкиот министер бараше да ги обучуваме нивните војници. Истиот повик го добивме и од гувернерот на Мосул. Нашите војници таму ја обучуваат националната гарда и Пешмерге кои се борат против ДАЕШ. Тоа не го прави само Турција, туку и САД, Франција и Гермнија и многу земји тоа го помагаат. Значи, турската војска таму отиде на покана на ирачките власти, а тоа секако, со време може да се смени во насока да се намали или да се зголеми бројот на војниците" , изјави Чавушоглу.