свет

Блинкен: „Секоја инвазија на Украина ќе биде пречекана со брз одговор“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека тој и неговиот руски колега Лавров се согласиле да продолжи дипломатскиот процес

Ekipa  | 21.01.2022 - Обновена : 22.01.2022
Блинкен: „Секоја инвазија на Украина ќе биде пречекана со брз одговор“

ЖЕНЕВА (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, му рече дека секоја инвазија на Украина од страна на силите на Москва ќе биде пречекана со брз одговор, но тој, исто така рече и дека се согласиле да продолжат со разговорите, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Доколку одредени руски воени сили се придвижат кон украинската граница, тоа е обновена инвазија и ќе биде пречекана со брз и остар одговор“, нагласи Блинкен, додавајќи дека ќе му поднесе извештај на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој рече дека по средбата со американските сојузници, Украина, нивниот колега од Германија и ЕУ, нивната јасна порака е дека тие се обединети во обидот да „изнајдат пат напред преку дипломатија и дијалог“.

Блинкен и Лавров се сретнаа во историскиот хотел „Претседателот Вилсон“ на брегот на Женевското Езеро, каде што во изминатите децении се водеа многу тензични преговори за мир во светот.

Лавров веднаш по разговорите одржа прес-конференција во хотелот, а Блинкен требаше да им се обрати на медиумите 30 минути подоцна во хотелот „Интерконтинентал“ во Женева.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın